БАХАИ ВЕРА

Бахаи религијата е основана од страна Бахаула / Bahá‘u‘lláh (1817-1892). Како син на благородник, персиски државен министер, тој согласно традицијата можел да води луксузен живот со статусна световна моќ, но тој се откажал од тоа. Во 1863 Бахаула ја објавил неговата порака, дека е гласник на Бога во тоа време, како што биле Христос и Мухамед во нивно време. Поради ова тврдење и неговите напредни учења, Бахаула и неговите приврзаници биле агресивно прогонувани како од секуларните и религиозните моќници. Животот, делата и страдањата на Бахаула можат да се споредат со оние на другите големи верски основачи. Отслужувањето на 40-годишната затворска казна и прогнувањето го воделе насекаде низ Персиската и Османлиската империја, се до Ака во денешен Израел. И покрај прогонот од неговите непријатели, неговото влијание постојано се зголемувало.

 

УЧЕЊАТА НА БАХАУЛА
Учењата на Бахаула денес се широко распространети. Многу луѓе ширум светот ги користат како инспиративен поттик за нивен личен и социјален развој. Бахаула вели, дека постои само еден Бог, без оглед на различните имиња што луѓето му ги даваат. Тој исто така вели, дека суштината на Бог за човекот е неодгатлива и дека Бог е Создателот на се, кој создадал се од љубов. Според Бахаи книги, сите религии имаат исто божествено потекло. Намерата на верските основачи отсекогаш била да се промовира на благосостојбата на поединецот и на заедницата. Тие сакале да поттикнат мир и хармонија, не да предизвикаат војна или омраза. Бахаула ги споредува гласниците на Бога со чиста огледала што ја рефлектираат светлината на Бога и им овозможуваат на луѓето да го препознаат Бог. Разликите помеѓу религиите се должат во целост на фактот, дека гласниците на Бога делувале во различни времиња и на различни места. Нивните учења одговарале на потребите и проблемите на тоа време.

 

ЕДИНСТВО НА ЧОВЕШТВОТО
Визијата на Бахаула за решавање на актуелните предизвици ги вклучуваат основните принципи за постигање на мир во светот. Тој го гледа целото човештво како една единица и еден организам. Единството на човештвото како цел може да се постигне само со преземање на мали практични чекори. Во своите пишани дела Бахаула ги објаснува битните аспекти за постигање на оваа цел, како што се постигање на реална полова рамноправност помеѓу мажите и жените, отстранување на предрасудите, јакнење на единството во семејството како и на отворената слободна размена на мислења.

 

Гледај на човекот како на рудник

богат со скапоцени камења од
непроценлива вредност.“

                                                                                                                         Бахаула  

                                                                                                           

Од Бахаи перспектива внатрешниот духовен развој на поединецот влијае на социјалниот напредок. Молитвата, медитацијата и контемплацијата за Светите Писма го промовираат развојот. Секој човек е „рудник богат со камења од непроценлива вредност“. Верата може да им помогне на луѓето да ги развијат своите вредни внатрешни карактеристики. На тој начин човекот си служи на самиот себе како и на општеството. Според Бахаи изучувањето вистинската вера се изразува со дела. Бахаула напишал повеќе од 15.000 документи, како и писма и книги на арапски и персиски јазик, кои се зачувани во оригиналниот текст. Оваа обемна литература содржи меѓу другото и молитви, мистични дела, толкувања на другите свети книги, закони и прописи, спецификации поврзани со светски политички прашања како и разни научни и етички принципи и основи за лична и општествена промена.

 

Бахаула го назначил неговиот син Абдул-Баха за негов наследник. Абдул-Баха ја водел младата Бахаи заедница речиси 30 години, се до неговата смрт. Тој ги објаснил и продлабочил Бахаи учењата пишувајќи многу писма и држејќи предавања, бидејќи тој бил овластен од страна на Бахаула да го толкува Светото Писмо. Во својот завет Абдул-Баха ги навел насоките за понатамошните следбеници. Овие јасни одредби претставуваат едно од основните начела, со кое се задржало единството на Бахаи заедницата и покрај својата 150-годишна историја и нејзината глобална распространетост.


БАХАИ ЗАЕДНИЦАТА
Како што е предвидено во Бахаи списите, денес Бахаи заедницата е управувана од демократски избрано тело на локално, национално и меѓународно ниво. Овие тела се состојат од девет лица, а се избраат во редовни интервали; нема свештенство. Бахаи прописите на заедницата претставуваат модел за меѓународна соработка и се доказ како човекот во неговата различност може да биде обединет во мир.

 

 

 

Druckversion Druckversion | Sitemap
© bahai.mk