АКТИВНОСТИ ВО СКОПЈЕ

МОЛИТВИ, ИНСПИРАТИВНИ ТЕКСТОВИ И ЗНАЧАЈНИ РАЗГОВОРИ

Секоја среда во 19:30 часот во Аеродром

ПРОГРАМА ЗА ДУХОВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЈУНИОР МЛАДИ

Тригодишна едукативна програма за ученици на возраст од 11 – 14 год.,

која придонесува за нивен интелектуален и духовен развој и нивно вклопување во општествените процеси

> www.juniormladi.com

 

ИНТЕРАКТИВНО И КРЕАТИВНО РАЗКАЖУВАЊЕ НА ПРИКАЗНИ

Секоја сабота во 10:30 во „Центарот за зајакнување на млади“, Аеродром

 

Млади кои учествуваат во „Програмата за зајакнување на јуниор млади“ волонтираат во активностите со децата како општествен ангажман. Главната идеја на двете програми е дека секое дете е „рудник богат со скапоцени камења со огромна вредност. Едукацијата само може да предизвика да се покажуваат тие богатства.“


• Секое дете има посебни таленти и капацитети вродени во него.
• Како и физичките, интелектуални и креативни капацитети, секое дете има и морален потенцијал и духовни вредности кои треба дабидат негувани и развивани.
• Вакви вредности вклучуваат: искреност, правда, добрина, дарежливост, простување, трпение, љубов, почит итн.

 

Во разкажувањето на приказните се вклучени и активности како кооперативни игри, музика и цртање. Децата се охрабруваат да размислуваат како да се одразат духовните и моралните концепти во секојдневниот живот како семејството, училиштето и општеството.

ЦЕНТАР ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИ, СКОПЈЕ

 

„Центарот за зајакнување на млади“ е невладина организација од волонтери посветена на креирање на околина во која децата, младите и возрасните можат да ги развиваат креативните, моралните и духовните капацитети кои секој човек ги поседува и да ги користат тие капацитети за придонесување во нивната околина.


Основни принципи на програмата се:
„Светот е една земја, а човештвото нејзини граѓани.“
„Подобрувањето на светот може да биде постигнато преку
добри дела, преку примерно и културно однесување.“


Програмата беше развиена од интернационалната Бахаи заедница и се фокусира на универзални морални принципи кои се застапени во сите светски религии.

 

 

Druckversion Druckversion | Sitemap
© bahai.mk